Главниот штаб за управување со кризи, денес посочи дека нема опасност од поголеми поплави по зголемените врнежи во земјава.
Меѓудругото, на седницата биле опфатени и мерките врзани за кризната состојба предизвикана од Ковид 19.
Имено, во однос на преземените активности во борбата против пандемијата, било истакнато дека преку координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи и со рационално искористување на расположливите национални ресурси ќе се обезбеди поголемо и сеопфатно дејствување во правец на превенција и спречување на ширењето на вирусот.
„Тоа се настојува да се извршува преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, тековно, а и за нареден можен период во поглед на координирани активности за претстојната вакцинација“, стои во соопштението на ЦУК.