ЦУК: Непроодни неколку патишта по обилните врнежи од дожд

од desk2
85 прегледи

Неколку патни правци во Македонија се блокирани по обилните врнежи од дожд, информира Центарот за управување со кризи.

Од „Македонија пат“ информираат дека нивна екипа во моментов работи на отстранување на мал одрон од камења на патот кон Граничен премин Блаце.

Сообраќајот на патниот правец Р1304 Виница – Берово кај месноста викана Рибарник, поради одрон се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, информира Центарот за управување со кризи.

И локалниот пат село Железнец – село Мало Илино во Демир Хисар не е прооден поради обилни врнежи.