Денес, Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи учествуваше на состанокот на Главниот координативен кризен штаб при Влада на Република Северна Македонија, што се одржа утрово, на почетокот на работниов ден, преку видеоконференциска интернет врска.
Потоа, Стојанче Ангелов, напладне, како раководител на владини тела за управување со кризи, имаше седница на Групата за процена, а попладне имаше седница со Управувачкиот комитет при што на овие две седници, главна тема беше продолжувањето на кризната состојба на дел од територијата на државата на подрачјата на јужната и северната граница заради висок ризик преку зголемен влез мигранти да се загрози јавното здравј, на населението, во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот „ SARS-Co2“. Како тема на седниците беше и продолжувањето на активностите на институциите во Системот за управување со кризи, согласно Акцискиот план за превенција и справување со влез и транзитирање на мигранти низ целата териоторија на државата, а донесен на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК на почетокот од месецот. Утре се очекува заклучоците од ови главни теми и други работи од областа на менаџментот со кризи да бидат разгледани и на седница на Влада.