230
Цунами го погоди брегот на Јапонија како последица на ерупцијата на вулканот Хунга-Хапаи во јужнопацифичката држава Тонга. Засега нема податоци за повредени и материјална штета.
„Брановите се регистрирани во областите од островот Тохоку до Окинава“, пишуваат локалните медиуми.
Претходно беше издадено предупредување за цунами.
Според главната јапонска метеоролошка служба, очекуваната висина на бранот е околу три метри.
Предупредувањето првенствено се однесува на островите Амами и Токара во Тихиот Океан, но беше издадено и на Курилските острови.
Засега нема опасност за курилското население.