„Цунами“ од новозаразени во последните 24 часа во Франција

од Nikola Popovski

Франција денес забележа нов рекорден број новозаразени со Ковид-19, откако за прв пат во последните 24 часа беа регистрирани 200.000 случаи на заразени, изјави министерот за здравство.

Околу 208.000 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа на француска територија, што се бројки од кои се добива „вртоглавица“, изјави министерот Оливие Веран пред Собранието.

Во вторникот вечерта, француската управа за јавно здравје во Франција објави дека во претходните 24 часа се регистрирани речиси 180.000 случаи на инфекција, што е веќе рекорден дневен број на новозаразени.

„Се соочуваме со два непријатели, сојот делта, кој сè уште не го кажал својот последен збор и сојот омикрон, за кој не можам да кажам дека е бран, туку цунами“, рече министерот.

Тој синоќа процени дека Франција може да достигне повеќе од 250.000 новозаразени со вирусот на дневно ниво до почетокот на јануари.

Слични содржини