Тудор: Беше невозможно да се одбие понудата на Лацио

од Симе Стоиков
191 прегледи

Новиот тренер на Лацио, Игор Тудор изјави дека одбивањето на понудатa од небесно сините била „невозможно“.

– Невозможно е да се одбие клуб како Лацио. Тоа е престижен тим, со силни играчи и посебна база на навивачи. Да се ​​биде дел од овој клуб и овој град е нешто што не се пропушта – беа првите зборови на тренерот упатени до официјалните медиуми на клубот.

Неговиот стил е малку поинаков од оној на Сари, но тој не е загрижен.

– Мора да почнете да работите интелигентно. Кога ќе дојдете до тренер кој игра поинаков фудбал, потребно е малку адаптација и време. Сепак, моите идеи брзо ќе им ги пренесам на играчите – изјави Тудор и потоа додаде:

– И јас како тренер не се откажувам од ништо. Сакам да ги видам сите фази во тимот: офанзивна, дефанзивна фаза, пробиви на крило, посед на топка. Мислам дека модерниот фудбал оди во тој правец, да се напаѓа со многу играчи, да се постигнуваат голови, да не се досадуваат со јалови напади – истакна тој.

Слични содржини