Тухел кажа под кој услов ќе ја разгледа понудата на Барса

од Vladimir Zorba

Тренерот на Баерн Минхен – Томас Тухел ќе разгледа понуда од каталонска Барселона само под еден услов.

Според англискиот медиум „The Sun“, германскиот стручњак најпрво ќе се фокусира на работа во Манчестер Јунајтед. Само во случај на неуспешно враќање на Островот, Тухел ќе ја разгледа понудата на Барселона.

Германецот е на чело на Баерн од март 2023 година. Тогаш Тухел неочекувано го замени Јулијан Нагелсман во екот на сезоната и успешно ги предводеше Баварците до 11-та титула по ред во Бундеслигата, но сега една година подоцна германскиот хегемон има заостанување од повеќе од 10 бода од врвот.

Слични содржини