Тунберг донира 100.000 евра за поправедна дистрибуција на вакцини

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

Шведската климатска активистка, Грета Тунберг, во понеделникот објави дека ќе донира 100.000 евра за поправедна дистрибуција на вакцините против ковид-19.

Средствата се наменети за COVAX, механизам на Светската здравствена организација (СЗО) за обезбедување еднаков пристап до вакцините против ковид 19 кој дистрибуира вакцини до земјите во развој, рече Тунберг на прес-конференција со шефот на СЗО Тедрос Гебреизус.

„Меѓународната заедница мора да стори повеќе за да се реши трагедијата со нееднаква дистрибуција на вакцини, бидејќи во случај на климатска криза, ние прво мора да им помогнеме на најранливите“, рече шведската активистка.

Според СЗО, во многу богати земји, првата доза на вакцина против ковид-19 била дадена на едно од четири лица, а во сиромашните земји на една на 500.

Слични содржини