Тунџев од Катастар: Лага и манипулација со граѓаните се информациите изнесени од Ковачки за Петровска.

од Destan Jonuzi
247 прегледи

Директорот на Катастар, Борис Тунџев, ги нарече „голема лага и манипулација со граѓаните“ информациите изнесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки за министерката за одбрана Славјанска Петровска.

– Тоа што лажно го прикажува Ковачки не е никаков имотен лист бидејќи таков имотен лист не постои, Петровска не поседува никаква хациенда. Министерката за одбрана била сосопственик на идеален дел и тоа на помалку од една третина од земјиштето, кое врз основа на купопродажен договор го има продадено на сегашниот сопственик запишан во катастарот на недвижности за КО Радишани, изјавил Тунџев за 24инфо.

Тој потенцира дека било кое заинтересирано лице може врз основа на поднесено барање да изврши увид во податоците за запишаните права во катастарот на недвижности.

Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ја обвинува министерката за одбрана Славјанка Петровска дека крие луксузна хациенда со базен во Радишани, и побара имотот да го подари на здруженијата на бранители, а таа да си поднесе оставка.

Слични содржини