Турчин учествувал во потрага по исчезнато лице, па сфатил дека се бара самиот себе (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
539 прегледи

Бејхан Мутлу, кој бил прогласен за исчезнат, случајно се вклучил во потрагата по себе. Педесетгодишниот човек со часови се барал себеси со турската полиција и група луѓе пред да сфати дека сите всушност го бараат.

Турските медиуми пишуваат дека 50-годишникот се барал со часови, под претпоставка дека потрагата била организирана поради некој друг.

Бејхан Мутлу пиел пијалок со пријателите, по што залутал во блиската шума и не се вратил.

Загрижени за него, пријателите го пријавиле исчезнувањето во полиција и наскоро била организирана потрага.

Кога бил прогласен за исчезнат, надлежните служби ја прошириле потрагата и во блиските населби, а група волонтери се приклучиле на акцијата.

Го извикувале неговото име со часови кога одеднаш некој се јавил.

„Кого бараме? Јас сум тука“, рекол Бејхан, која наводно бил под дејство на алкохол.

Не е јасно како човекот се нашол меѓу луѓето што го барале, ниту како неговите пријатели не сфатиле дека тој бил со нив цело време.

Полицијата го спровела дома за секој случај.

 

Слични содржини