Турција: 117 студенти се затруле во менза, полицијата покрена истрага

од Stefanija Kuzmanovska
159 прегледи

Најмалку 117 студенти во провинцијата Испарта на западот на Турција се затруле од вечера во студентски дом, а полицијата покренала истрага, пренесе „Хабер турк“.

Според соопштението на гувернерот на покраината Саид Нурси, 117 студенти кои престојувале во домот Бедиузаман побарале помош во градската болница поради дијареа, мачнини и болки во стомакот.

Им била укажана помош, а потоа се вратиле во студентскиот дом и никој не бил хоспитализиран.

„Учениците рекоа дека причина за нивната болест би можела да биде вечерата на 11 ноември во студентската менза. Примероците од храна и вода се испратени на испитување во Секторот за здравство и земјоделство, а Основното обвинителство започна истрага за инцидентот“, се вели во соопштението на гувернерот Нурси.

Се сомнева дека пилешкото било расипано, а вечерта во студентската кафетерија вечерале 1.231 ученик.

Слични содржини