- Воена подготвеност
Киличарслан оценува дека Турција е високо подготвена за воен судир и дека нејзините способности и ресурси секојдневно растат. Сепак, најголемиот предизвик е одржувањето на единство на домашниот фронт и јасноста во позициите на исламскиот свет.
- Поддршката од исламскиот свет
Авторот укажува дека е клучно дали исламските земји и групи ќе застанат на страната на Турција. Во контекст на сегашниот конфликт меѓу Иран и Израел, Киличарслан укажува дека исламскиот свет не го поддржал Иран, што ја покажува кревкоста и поделбите во регионот. Тој критикува дел од исламските земји за национализам и страв од конфликти што ги држат подалеку од активна поддршка.
- Кревкиот домашен фронт
Најголем проблем за Турција е внатрешното единство. Авторот нагласува дека во земјата се шират идеи и движења лојални на странски интереси (Израел, САД, Иран) ja што ослабуваат националната кохезија. Тој посочува дека симпатиите кон сирискиот режим, стравот од западни санкции поради набавка на руски системи и влијанието на Иран преку локални посредници се само дел од факторите што ја прават домашната ситуација кревка.
Неизбежноста на конфликтот
Киличарслан смета дека Турција не сака војна со Израел, но конфликтот може да стане неизбежен, особено во контекст на ескалацијата меѓу Иран и Израел. Победата ќе зависи од воената сила на Турција, единството дома и реакцијата од исламскиот свет.