Оваа година Турција купи од Русија јаглен произведен од анектираните делови на Украина во вредност од најмалку 13,38 милиони евра, покажуваат податоците на руската царина што ги анализирала агенцијата Ројтерс.
Според извештаите, во периодот од февруари до јули годинава во Турција пристигнале околу 160.400 тони јаглен од источните украински региони Доњецк и Луганск.
Оваа земја беше главната извозна дестинација за јаглен од анектираните украински региони, со учество од 95 отсто, наведува Ројтерс.