191
Министерството за одбрана на Турција денеска соопшти дека по нападот на терористичките организации ПКК/ЈПГ врз базата Дабик на северот на Сирија се „неутрализирани“ 26 терористи.
Според извештаите, терористите синоќа го нападнале подрачјето на базата во зоната на операции „Штитот на Еуфрат“, јавува Анадолија.
Се додава дека турските војници силно одговориле на терористичкиот напад и дека 26 терористи на ПКК/ЈПГ биле „неутрализирани“ во возвратен оган.