15
Пет војници загинаа, а еден е тешко повреден при пад на воен хеликоптер во југозападна Турција, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Турскиот воен хеликоптер УХ-1 се урна за време на тренинг лет во провинцијата Испарта, соопшти локалниот гувернер Абдула Ерин, јави претходно ТВ станицата НТВ.
Гувернерот додаде дека властите трагаат по други припадници на војската кои биле во хеликоптерот, но други детали за падот се уште не се објавени, пренесе Ројтерс.