Турција приведе 37 лица поради објави на социјалните мрежи за апсењето на Имамоглу

од Vladimir Zorba
16 прегледи

37 лица се приведени во Турција под сомнение дека направиле провокативни објави на социјалните мрежи за апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу.

Како што изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, тие се осомничени дека напишале „провокативни објави кои поттикнуваат криминал и омраза“.

Турските власти идентификуваа 261 профил на социјалните мрежи, вклучително и 62 со седиште во странство, за „провокативни објави“ по приведувањето на Имамоглу и 105 други.

Тие, исто така, продолжуваат со напорите за пронаоѓање на останатите осомничени, рече министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на Х.

Јерликаја додаде дека на Х биле споделени 18,6 милиони објави за Имамоглу за помалку од 24 часа по неговиот притвор.

Турција, исто така, заплени градежна компанија во косопственост на Имамоглу, соопшти канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул.

Имамоглу и уште неколку лица, кои беа уапсени во голема акција на турската полиција, се обвинети за организиран криминал поврзан со изнуда, поткуп, тешка измама, незаконско стекнување лични податоци и местење тендери.

Имамоглу беше избран за градоначалник на најголемиот и најнаселен град во Турција во 2019 година, пренесe Ројтерс.

Десетици илјади граѓани на Истанбул синоќа протестираа против апсењето на градоначалникот Имамоглу.

Слични содржини