Турција: Приведени 90 лица кои имаат поврзаност со ПКК

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

Турската полиција уапси 90 лица во 18 провинции под сомнение дека се поврзани со Курдистанската работничка партија (ПКК), објавија државните медиуми.

Центарот на операцијата беше провинцијата Шанлиурфа во југоисточна Турција.

Операцијата беше спроведена откако ПКК ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара во неделата, на први октомври.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека ширум земјата се започнати 466 антитерористички операции со учество на 13.440 полицајци.

Јерликаја на социјалните мрежи објави дека 12 осомничени членови на терористичката организација се заробени во Мерсин, Ван, Шанлиурфа, Мардин и Ајдин во рамки на операцијата „Херои“ што беше започната низ земјата против терористичката организација ПКК.

Тој даде и информации за операциите кои се спроведуваат против ПКК.

Тој изјави дека операцијата била спроведена во областа на 16 провинции, вклучувајќи ги Шанлиурфа, Мардин, Дијарбакир, Газиантеп, Мерсин, Ширнак, Истанбул, Бурса, Батман, Денизли, Адана, Кајсери, Анталија, Коња, Испарта и Коџаели.

Во операциите учествуваат 960 екипи и 13.440 припадници на безбедносните сили, пренесува „Срна“.

Слични содржини