9
Хеликоптерот на турската Брза помош се урна за време на тренинг лет на покривот на болницата во областа Ментеше во провинцијата Мугла, на југозападот на земјата, и падна од покривот во болничкиот парк, при што загинаа четири лица, јавија денеска турските медиуми.
На местото на несреќата излегоа бројни противпожарни, здравствени, полициски екипи и екипи на турската служба за итни случаи (АФАД), јави турската јавна служба (ТРТ).
Гувернерот на провинцијата Мугла, Идрис Акбик, излегол на местото на несреќата и за турските медиуми потврдил дека животот го загубиле двајца пилоти, еден лекар и еден член на персоналот на брзата помош.