Неуспешниот обид за воен удар во Турција за кратко го затвори за превозот Босфор во саботата, потсетувајќи го остатокот од светот за зголемената улога на земјата како главен транзитен правец за стоки меѓу Русија, Европа и Централна Азија.
Во петокот, турските власти осуетија обид за соборување на владата на Партијата на правдата и развојот на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Во оваа врска агенција “Ројтерс” потсетува на неколку клучни моменти за улогата на Анкара како главна транзитна земја за житни култури и нафта, како и значителен корисник на суровини – на пример злато и природен гас.
Босфор
Босфор е еден од најважните во светот транзитни премини за превоз на нафта. Над 3% од светските резерви, или околу 3 милиони барели на ден, главно од Русија и Каспиското море, минуваат низ теснецот кој го поврзува Црното со Мраморното Море и оттаму – со Медитеранот.
Овој пат, во кој поминуваат огромни резерви на жито од Украина, Русија и Казахстан за светските пазари, беше затворен за неколку часа во саботата од безбедносни причини.
Околу една четвртина од испораките на житни култури во светот доаѓа од црноморските пристаништа.
Брзогоречка патка или кусиот политички фитил на Србите
Турските протоци Босфор и Дарданели, кои во најтесната точка достигнуваат 750 метри и 1,2 километри, соодветно, се меѓу најтешките за преминување водни патеки.
Секоја година оттука минуваат близу 48 000 пловни објекти што го претвора регионот во еден од најпрометните морски правци според податоците на владата на САД.
Трговските бродови можат да преминуваат слободно низ Босфор во мирно време, иако Турција го задржува правото да наметнува правила за сигурност и безбедност на животната средина.
Касписката рута
Нафтата од каспискиот земји како Азербејџан и Казахстан го опкружува Босфор и стигнува преку цевководи директно до извозните терминали на Турција за Медитеранот – како пристаништето во Џејхан.
Групата одговорна за администрирање на овие цевки, кои ги поврзува Азербејџан, Турција и Грузија, објави дека немало прекин во снабдувањето.
Курдската нафта и Иран
Џејхан е крајната дестинација за нафтоводот, низ кој тече нафта од ирачки Курдистан и кој пренесува околу 0,5 милијарди барели на ден. Извор близок до курдското раководство, објаснува за “Ројтерс” дека по настаните од 15 јули немало пречки во работата.
Турција добива гас и одредени нафтени производи од соседен Иран. Според иранската новинска агенција Мехр земјата привремено престанала со испораката на нафтени деривати заради затворањето на границата меѓу двете земји.
Потрошувачка на енергија
Покрај огромната нејзина транзитна улога, Турција е важен корисник на суровини. Таа е една од петте најголеми потрошувачи на гас во Европа, нерешено со Франција.

Земјата рафинира малку помалку од 1 милион барели нафта дневно, што ја претвора во еден од седумте најголеми потрошувачи во Европа нерешено со Холандија. Нафтата за Турција доаѓа од Иран, Русија, Ирак и Каспискиот регион. Главни снабдувачи на природен гас се Русија, Азербејџан и Иран.
Злато и пченица
Турција е вториот најголем увозник на руска пченица по Египет. За периодот јули 2015 година – мај 2016 година земјата купила 3 милионит тони жито.
Преку пристаништата на Русија во Црното Море Турција увезува и јачмен и пченка.
Прогнозите се дека за сезоната 2015-2016 година земјата ќе увезе 4,3 милиони тони пченица, што е пад во однос на 2014-2015 година – 5,95 милиони тони.
Турција е еден од 10-те најголеми пазари на злато во светот, а за 2015 година побарувачката стигнала 72 тони (во вредност од околу $ 3 милијарди). Благородниот метал е традиционална инвестиција за многу Турци, кои така се реосигуруваат против нагли флуктуации на националната валута.

