130
Турската полиција денес уапси 110 лица поради наводни врски со курдски милитанти, соопштија безбедносни извори.
Полицијата изврши рација на 186 адреси истовремено и заплени дигитални материјали откако обвинителството издаде налози за апсење на 216 лица осомничени за финансирање, регрутирање и ширење пропаганда за забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), која Турција и неколку западни земји ја означуваат како терористичка група, пренесува Ројтерс.
Прокурдскиот пратеник рече дека меѓу уапсените има и политичари, адвокати и новинари, поврзувајќи ги апсењата со претседателските и парламентарните избори во Турција, закажани за 14 мај.