Турција: Уапсени 189 лица поради сомнение дека се поврзани со Исламската држава

од Stefanija Kuzmanovska

Турските власти денеска уапсија 189 лица во 37 провинции во таа земја, под сомнение дека се поврзани со милитантната група Исламска држава (ИД), соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Истакнувајќи дека операциите се извршени истовремено во сите провинции, Јерликаја изјави дека нема да дозволи терористите да ги попречуваат напорите за зачувување на мирот и единството во земјата.

„Благодарение на молитвите на нашиот народ и на супериорните напори на нашите безбедносни сили, ние ќе ја продолжиме оваа борба без прекин“, навел Јерликаја.

Слични содржини