Турција денес објави регулатива за реконструкција на уништениот регион од земјотресот за да им овозможи на компаниите или хуманитарните организации да помогнат итно во изградбата на нови домови за милионите на кои им треба засолниште.
Повеќе од 160.000 згради, со 520.000 станови, се урнаа или беа сериозно оштетени во земјотресите во Турција, објави Ројтерс.
Бројот на загинати во земјотресите во Турција е над 43.500, додека во соседна Сирија загинаа близу 6.000 луѓе.