Белград за време на новогодишната ноќ беше полн со туристи, а кога на едно место има многу луѓе, за жал е за очекување дека нема се да помине без проблеми и инциденти.
Српски „Блиц“ пишува дека во еден белградски хотел туристи од Австрија направиле вистински хаос и на многу други им го уништиле одморот за кој се подготвувале можеби со месеци.
Група туристи од Виена го уништија дочекот во хотелот „Краун Плаза“. Го демолирале хотелот, го каменувале обезбедувањето и другите гости, го претепале секој што ќе им се најде на патот, а инцидентот се случил затоа што на масата биле предупредени за употреба на дрога, по што имало немили сцени.
„Имаше и повредени, обезбедувањето и неколкумина, надвор се гаѓаа со камења и кршеа се пред себе“, тврди изворот на „Блиц“.
Никој од вработените во хотелот не сакал да се меша, реагирало само обезбедувањето.