Федералната вселенска агенција на Русија, Роскосмос, ќе организира туристички летови во вселената.

Оваа организација е приватен вселенски проект, а првото 15-минутно патување, во организација на компанијата “KosmoKurs”, е планирано за 2020 година.
Картата за ваквото, во најекстремна смисла, ексклузивно искуство, ќе чини и до 250.000 долари. Летовите ќе се организираат за групи од по шест туристи, кои ќе имаат можност да поминат пет до шест минути во бестежинска состојба. Капсулата ќе ја управува еден пилот.