Грчкиот министер за туризам, Хари Теокарис ги покани туристите да доаѓаат во Грција ова лето, истакнувајќи дека ќе треба да се почитуваат мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот како што е социјалното растојание.

„Ние сакаме луѓето да дојдат во Грција. Секако, ќе ги преземеме неопходните мерки на претпазливост, и пред патувањето и начинот на кој патуваме, претстојуваме. Правилата за социјална оддалеченост ќе се применуваат, да речеме на лежалките“.
Тој рече дека туристите доаѓаат во Грција повеќе од 50 години и земјата сака да продолжи да го покажува своето гостопримство.
Туристите, додаде тој, треба да се чувствуваат безбедно во Грција бидејќи земјата ќе преземе строги мерки на претпазливост.
„Грција е безбедна земја и во многу случаи, жал ми е што морам да кажам, побезбедна од вашата земја“, рече тој за британското јавно радио.
Министрите за туризам на ЕУ денес ќе разговараат за повторно воспоставување на оваа индустрија и за обновување на секторот за туризам од ефектите на пандемијата.