Турк: И Израел и Хамас извршија воени злосторства

од Radmila Tasevska
220 прегледи

Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк денеска изјави дека двете страни во конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас извршиле воени злосторства и повика на истрага и утврдување на одговорност за сторителите.

-Двете страни јасно ги прекршија меѓународните човекови права и хуманитарното право, вклучително и воените злосторства и можни други злосторства според меѓународното право, рече Турк, пренесен од британските медиуми.

Презентирајќи го годинашниот извештај за состојбата со човековите права во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег, Турк кажа дека неговата канцеларија регистрирала „многу инциденти кои можат да претставуваат воени злосторства од страна на израелските сили“.

-Постојат индикации дека израелските сили учествувале во неселективно или непропорционално гаѓање, што е кршење на меѓународното право, рече Турк.

Тој додаде дека палестинските вооружени групи кои истрелуваат неселективно проектили низ јужен Израел и држат заложници, исто така, го кршат меѓународното право.

Слични содржини