Турска компанија гради фабрика за муниција и дронови на Косово

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Косовските власти ја избрале компанијата што ќе ја гради фабриката за муниција, изјавиле извори од локалното Министерство за одбрана, пренесе Коха.

Според овие извори, турската компанија со која ќе биде потпишан договорот на почетокот на неделата е Makine ve Kimya Endüstrisi (MKE). Таа ќе биде одговорна за поставување на целата фабрика.

– Првата фаза, која мора да биде завршена во рок од две години, значи дека фабриката ќе започне со производство на два вида муниција. Едниот ќе биде со калибар 5,56 mm, а другиот 7,62 mm. Договорот ќе го опфати и дизајнот на дронови – наведуваат изворите.

Според нив, во име на Владата договорот со МКЕ ќе го потпише премиерот Албин Курти.

Владата минатиот месец формираше Меѓуресорска комисија за проценка и започнување на процедури и преговори за отворање фабрика за производство на муниција и лабораторија за дизајн на дронови.

Слични содржини