Со редовниот состав од 510 600 војници турската армија, дел од која презеде воен удар ноќеска, е втората по бројност во НАТО по армијата на САД и се смета за една од најподготвените во светот.
Според извештајот од 2016 година на Меѓународниот институт за стратешки студии (IISS) во Лондон турските вооружени сили бројат 402 000 војници во копнените делови (77 000 професионалци и 325 000 регрути), близу 48 600 во морнарицата (односно 14 100 и 34 500) и 60 000 во воздухопловната (28.600 и 31.500).
Кон нив може да се додаваат повеќе од 102 200 лица од Националната гарда. Покрај тоа, Турција има 378 700 резервисти во трите родови војници. По постепено намалување на турските вооружени сили од 800 000 во 1985 година бројот им се стабилизира во последните неколку години.
Турската армија е добро опремена за да обезбеди територијална одбрана против заканата од страна на курдските сепаратисти, утврдени во соседен Ирак.
Откако на власт дојде претседателот Реџеп Ердоган, беа извршени неколку чистки меѓу воената хиерархија.
Ексклузивно! Еден од пилотите кои го собори рускиот Су-24 учествувал во државниот удар во Турција
Вооружените сили на Турција, клучна земја во НАТО со население од 80 милиони луѓе имаат зад себе три превратот (1960, 1971, 1980), а во 1997 година тие ја принудија владата со исламска наклонетост да ја напушти власта без пролевање на крв.
Утринава привремениот командант турските вооружени сили генерал Јумит Дјундар објави дека пучот претрпе неуспех; 104 учесници се ликвидирани и 1563 војници уапсени.
Турција учествува во меѓународната коалиција против џихадистите од групата Исламска држава.
Според експертите на лондонскиот институт дел од вооружувањето на турската армија е застарено, иако од почетокот на 90-тите години е одбележан значаен напредок. Армијата има 364 борбени авиони, главно Фолкон Ф-16 и застарените Фантом Ф-4.
Што се однесува до флота според експертите таа има добри оперативни способности за борба против подморници и надводни бродови и има 13 подморници, 18 фрегати и 6 корвети.
