229
Инфлацијата во Турција во мај се искачи на највисоко ниво во последните 20 години, достигнувајќи 73,5% на годишно ниво. За само еден месец потрошувачките цени пораснале за 2,98%, покажуваат официјалните податоци.
Сепак, порастот е помал од претходните месеци, што сигнализира дека ценовните притисоци може да се забавуваат.
Во мај, Централната банка на Турција ја зголеми прогнозата за инфлацијата до крајот на 2022 година од 46,44% на 57,92%.
По неколкуте намалувања на каматните стапки минатата година, нагло забрза намалувањето на вредноста на лирата, што негативно се одрази на финансискиот систем на земјата.
Годишната инфлација потоа забрза на 36% поради флуктуациите на националната валута.