Републиканската народна партија на Турција (ЦХП) најави дека ќе одржи масовни демонстрации во 14 градови и 21 провинција почнувајќи од петок во 20:30 часот, како одговор на приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.
Во соопштението за печатот, ЦХП се нагласува дека сите собири имаат за цел да ја заштитат волјата на народот и да ја поддржат демократијата. Градовите каде што ќе се одржат протестите се Адана, Анкара, Анталија, Ајдин, Баликесир, Бурса, Денизли, Ескишехир, Истанбул, Измир, Маниса, Мерсин, Мугла, Текирдаг.
Инаку, лидерот на ЦХП, Озгур Озел, вчера одржа говор во Истанбул каде им се обрати на граѓаните во врска со апсењето на градоначалникот.
„Го гледате ли Ердоган? Зборува Истанбул. Вие зборувате. Вие им се обраќате на оние кои не ја препознаваат вашата волја, кои многу го ценат вашиот глас кога ќе им се даде, но кои ја игнорираат таа волја кога ќе му ја дадете на некој друг. Дали го слушате Ердоган, го гледате ли Ердоган?