(ВИДЕО) Турски авион ја промаши пистата при слетување во Непал, патниците преплашени бегаат

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ со 238 патници ја промаши денеска пистата при слетување на аеродромот во Катманду и се приземји во блиско поле.

ав

Некои од патниците поминале со полесни повреди. При слетувањето имало густа магла, а пистата била лизгава по дводневни дождови.Авионот полетал од Истанбул по седумчасовен лет половина час кружел над Непал пред да се приземји од вториот обид.Меѓународниот аеродром во Катманду е затворен по овој инцидент.

На социјалните мрежи се објавени фотографии на турскиот авион на кои се гледа дека предниот дел на леталото е оштетен, а локални медиуми наведуваат дека при слетувањето откажале кочниците.

Патниците наведуваат дека по слетувањето во авионот се појавил чад, поради што луѓето тешко дишеле.