Турски државјани киднапирале дечко и девојка во Штип и со закани им барале пари

од Milan1
24 прегледи

– На 13.11.2024 во 23.20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Ч.Т.(50), Ј.Б.Т.(26) и Ј.Џ.Т.(23), сите од Република Турција, со живеалиште во с.Стар Караорман, штипско. Тие се сомничат дека претходно со уште неколку лица со употреба на сила го внеле Е.Е.(19) од Република Турција, со живеалиште во Штип, во возило „форд“ и со закани барале пари од него и неговата 19-годишна девојка, исто така од Република Турција со живеалиште во Штип, поради наводен долг за претходно завршена услуга, информираат од МВР.

Од нив било одземено возилото, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини