78
„На 21.03.2025 околу 02:50 часот на регионалниот пат Неготино-Градско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Т.Ј.(44) од Република Турција. При контрола во возилото „рено клио“ со босански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица – мигранти од Египет.
Возилото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.