352
Основното јавно обвинителство од Скопје покрена обвинителен акт против 19-годишен државјанин на Турција, кој сакал да излезе од македонскиот аеродром со лажна лична карта во припадност на Германија.
„Обвинетиот, на 25.12.2020 година, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, пред овластени службени лица употребил лажна јавна исправа – германска лична карта на туѓо име“, посочија од ОЈО.
Лицето се гони за кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.