Турски мантии

од Stefanija Kuzmanovska
993 прегледи

Мантии полнети со месо, познати и како турски кнедли, се традиционално турско јадење кое ќе ве воодушеви.

Состојки:

Тесто:

– 260 гр брашно

– 1 јајце

– 90 ml вода

– 1/2 лажичка сол

Полнење:

– 150 гр мелено месо

– сол, бибер, пиперка

– магдонос

– 1 чешне лук

Сос:

– 200 гр јогурт

– лук

– 1 лажица путер

Подготовка:

Замесете тесто од сите состојки, месете најмалку пет минути. Покријте со крпа и оставете да отстои 30 минути додека не го подготвите филот.

Полнење: месото измешајте го со ситно сечканиот лук, магдоносот, зачинете со сол, бибер, пиперка и убаво измешајте. Тестото развлечете го што потенко, по потреба додајте брашно да не се залепи и исечкајте го на коцки.

На секоја средина се става по малку фил и се затвора како пакетче. Ставете ги на крпа додека не се потроши целото тесто.

Загрејте уште малку вода и додадете една лажица сол и кога ќе почнат да се загреваат, ставете ги полнетите теста, гответе ги додека не почнат да пливаат на површината.

Послужете по желба со јогурт во кој сте додале лук.

Прелијте го преливот: Загрејте го путерот и додадете го пиперот, промешајте малку да се запржи и прелијте.

Во овој прелив по желба можете да додадете сечкани излупени домати, лук и зачини и се да пропржите. Ќе добиете погуст прелив.

Слични содржини