Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар денес изјави дека војната во Украина ќе продолжи и следната година бидејќи, меѓу другото, Киев ја има поддршката на САД и Европа.
„Изгледа дека оваа војна нема да заврши така лесно. Поддршката на САД, Европа и Западот е во тек. Според тоа, обуката на украинските војници продолжува, постојат различни планови, а од буџетот се издвојуваат пари за војна“, рече Акар, пренесува ТАСС.
Од друга страна, „од Русија доаѓаат разни изјави“, додава Акар.