Турскиот претседател Ердоган ја укина старосната граница за пензионирање

од Radmila Tasevska
93 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на помалку од шест месеци пред изборите, ја укина старосната граница за пензионирање, што им овозможи на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат.

Претседателот ова го соопшти за време на прес-конференција на тема старосната граница за пензионирање, пренесоа агенциите.

Владејачката партија на Ердоган значително ја зголеми минималната плата минатата недела како дел од обидот да ја врати поддршката изгубена поради инфлацијата, падот на лирата и остриот пад на животниот стандард.

Слични содржини