Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денес дека заживувањето на дијалогот меѓу членките на НАТО, Турција и Грција, заради долгогодишните несогласувања, ќе им служи на стабилноста и просперитетот во регионот, додавајќи дека неговата земја не добила доволно поддршка од сојузниците на НАТО во борбата против тероризмот, објави АП.
„Турција е на фронтот во борбата против тероризмот пред сите релевантни меѓународни фактори, особено пред НАТО. Околу 4.000 припадници на Даеш (т.н. Исламска држава) се неутрализирани во операциите на турската граница“, рече Ердоган.
Ердоган рече дека Турција е „единствената членка на НАТО која водеше борби гради во гради, а нејзините синови станаа маченици поради тоа“.
„За жал, не ја добивме поддршката и солидарноста што ја очекувавме од нашите сојузници и партнери во борбата против сите форми на тероризам“, рече Ердоган, пренесе Танјуг.