Турското Министерство за национална одбрана објави дека беспилотно летало, кое се упатило од Црното Море кон турскиот воздушен простор и ја изгубило контролата, било откриено и соборено пред да влезе во воздушниот простор на земјата, при што и Русија и Украина биле предупредени, се вели во соопштението.
Во соопштението се наведува дека на 15 декември, беспилотното летало било забележано додека се приближувало од правец на Црното Море, по што сите релевантни единици биле веднаш активирани во согласност со важечкото законодавство и стандардните оперативни процедури, пишува Хуриет.
Процесот на откривање, идентификација и следење бил спроведен врз основа на меѓусебно потврдени податоци добиени од повеќе системи, вклучувајќи радарски, електрооптички, електронски системи за војување и системи за рано предупредување.