Турското МНР демантира дека Фидан бил убиен

Во соопштението се вели дека овие тврдења се „целосно неосновани“ и се повикува јавноста да не верува во ваквите шпекулации.

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Турското Министерство за надворешни работи денес ги негираше информациите што се појавија на социјалните мрежи за наводното убиство на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и ранувањето на неговите обезбедувачи.

„Тврдењата дека министерот за надворешни работи Хакан Фидан е убиен и дека двајца од неговите телохранители се повредени за време на утринско џогирање се лажни“, соопшти турското министерство, според Туркхабер.

Во соопштението се вели дека овие тврдења се „целосно неосновани“ и се повикува јавноста да не верува во ваквите шпекулации.

Слични содржини