Турските обвинители подигнаа обвинение на две момчиња на возраст од 12 и 13 години по обвинението за непочитување на претседателот Реџеп Ердоган, откако раскинале негови постери.
Двајцата братучеди, кои се познати само со своите иницијали, можат да добијат до две години и четири месеци затвор, откако судењето за нивното дело беше одобрено од министерството за правда, пишува “Хуриет”.
Децата беа приведени во мај поради тоа што се скинале постери во главно курдската провинција Дијарбакир. Во своја одбрана едното момче рекло дека тие ги кинеле, за да ги продадат за секундарна суровина подоцна.
“Не ми пречи тоа, чии постери се тоа. Ние само сакавме да ги земеме за да ги продадеме за секундарни суровини “, рече момчето.
Главниот обвинител на Дијарбакир поднел барање до Министерството за правда за поднесување тужба против двете деца под обвинение за “клеветење на турскиот претседател”. Откако било одобрено, официјално е покренато обвинение против двајцата братучеди во турскиот Прв детски суд.
Првото сослушување ќе се одржи на 8 декември оваа година.
Според адвокатот на двете деца Исмаил Коркомаз обвиненијата против нив се нејасни, а за самите нив е тешко дури и да разберат кој бил на плакатите. Тој исто така го критикуваше и “нетолерантниот” судски систем во земјата.