166
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска објави дека со својот азербејџански колега Џејхун Бајрамов разговарал за „ерменските провокации“ на границата со Азербејџан и го повикал Ереван да се фокусира на мировните преговори.
„Ерменија треба да престане со провокациите и да се фокусира на мировните преговори и соработката со Азербејџан“, напиша Чавушоглу на Твитер по разговорот со Бајрамов, пренесува „Ројтерс“.
Азербејџанските медиуми објавија дека Баку и Ереван се договориле за прекин на огнот во новиот конфликт во кој има човечки жртви денеска од 09:00 часот по локално време, пренесува РИА Новости.