Турција ги осуди руските референдуми во украинските региони

од Nikola Popovski
215 прегледи

Турција денеска ги осуди како „незаконски“ најавените референдуми за припојување на четири украински региони под нејзина контрола кон Русија.

„Таквото незаконско дело направено нема да биде признаено од меѓународната заедница“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Турција никогаш не ја призна руската анексија на Крим во 2014 година.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој одржува односи и со Киев и со Москва, се обиде да отвори преговори и да договори примирје, но засега без успех.

Сепак, руската одлука за одржување референдуми на крајот на септември за анексија на освоените територии и за делумна мобилизација на резервистите е ескалација на конфликтот, наведува Франс прес.

Ердоган им порача на светските лидери собрани во Обединетите нации во Њујорк вчера дека на Москва и Киев им е потребна помош за да најдат „достојно решение“ за кризата.

Најавените референдуми во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје уште во вторникот ги осудија НАТО, САД и Германија.

Слични содржини