Во соработка со турски компании од областа на одбранбената индустрија беше лансиран првиот турски беспилотен борбен брод без екипаж, наречен ULAQ.
Според информациите до кои дојде Агенцијата Анадолија, по долгогодишно истражување и развојни активности на бродоградилиштето Арес и компанијата Метексан, се реализираl проектот на првиот турски борбен брод без екипаж.
Прототипот е завршен и лансирањето на првото беспилотно морско возило без екипаж (СИДА), што е прва платформа во серијата бродови ULAQ, а во тек се пробните тестови.
СИДА има патека за крстарење од 400 километри и развива брзина од 65 километри на час и има можности за дневно и ноќно гледање и национална шифрирана комуникациска инфраструктура. Со бродот може да се управува од копнени подвижни возила или команден центар, како и од водни платформи при извршување задачи како што се извидување, надзор и разузнавање, површинска војна, асиметрична војна, заштита на придружба и безбедност на стратешкиот објект.
Пловилата ULAQ ќе бидат опремени со национални ракети произведени од ROKETSAN, вклучително ласерски ракети Cirit и антитенковски ракетен систем со долг дострел (L-UMTAS).
Пловилото може да биде опремено и со различни видови товар, како што се комуникациски и информациони системи, како и ракетни системи за различни оперативни потреби на турските безбедносни сили.
Покрај тоа, тој ќе има врвни модерни можности на вештачка интелигенција и автономни карактеристики.