Турција го затвори воздушниот простор за руските авиони кон Сирија

од Nikola Popovski
210 прегледи

Турција го затвори својот воздушен простор за руските воени и цивилни летови кои летаат кон Сирија, откако ја информираше Москва, изјави во саботата министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

– Дозволи дававме во интервали од три месеци. Последниот беше до април, рече министерот во интервју, наведувајќи дека претседателот Реџеп Таип Ердоган го информирал неговиот руски колега Владимир Путин.

-Од сега па натаму, летовите се прекинати, додал Чавушоглу, велејќи дека процесот се одвива преку дијалог.

По повод доаѓањето на руските олигарси во Турција, Чавушоглу изјави дека Турција не учествува во санкциите.

-Ако една компанија сака да работи, мора да се придржува до нашето и меѓународното право, појаснил министерот, пренесува ТАС С.

Слични содржини