Турција и официјално се повлече од Истанбулската конвенција

од Stefanija Kuzmanovska
275 прегледи

Турција денес официјално се повлече од Истанбулската конвенција, меѓународен договор насочен кон справување со насилството врз жените, што турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган го објави во март.

За денеска се најавени протести ширум Турција, пренесува „Ројтерс“.

Ние ќе ја продолжиме борбата, рече претседателката на Федерацијата на здруженија на жени на Турција, Канан Ѓулу, додавајќи дека одлуката на Ердоган ѝ штети на Турција.

Според Истанбулската конвенција, потписниците се обврзаа во 2011 година да спречат семејно насилство, да ги гонат неговите сторители и да промовираат еднаквост.

Одлуката за повлекување предизвика осуда од Соединетите држави и Европската унија.

Се тврди дека во последните пет години во Турција, просечно, една жена го губи животот секој ден поради семејно насилство.

Бројни конзервативци во Турција, како и партијата на Ердоган, велат дека Истанбулската конвенција се заканува на семејната структура која го штити општеството како целина и тврди дека ја промовира хомосексуалноста, барајќи отсуство на дискриминација заснована на сексуална ориентација.

Слични содржини