Официјална Анакара и Москва планираат да потпишат договор за соработка во вселената, изјави денеска Сердар Хусеин Јилдирим, шеф на Турската вселенска агенција.
„Истражувањето на вселената е многу сложена и скапа работа. Потребна е висока технологија, затоа меѓународната соработка е многу важна во таа област“, рече турскиот официјален претставник, додавајќи дека за двете земји има „огромни можности на многу полиња“ кои би можеле да работат заедно.
Русија претходно потпиша договор со Кина за развој на истражувачки капацитети на Месечината.