Турција не може да прифати ниту еден бегалец од Авганистан, изјави портпаролот на владејачката Партија на правдата и развојот, Омер Челик.
„Турција не е бегалски камп. Ние веќе немаме можност да прифатиме какви било бегалци (од Авганистан). Ние сами ќе носиме одлуки. Ги чуваме нашите граници многу внимателно“, им рече Челик на новинарите.
Според него, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е посветен на изнаоѓање сеопфатно решение за кризата во Авганистан.
„Тој води интензивна меѓународна дипломатија – разговара со Путин и Меркел за ситуацијата во Авганистан. Ние внимателно ја следиме темата за човековите права во Авганистан, која дојде под власта на Талибанците (организација забранета во Русија). Авганистанскиот народ не може да се остави наоколу, таму владее вистинска драма во моментов“, додаде Челик.