Турската централна банка потврди дека криптовалутите нема да бидат целосно забранети во земјата.
Гувернерот Шахап Кавачиоглу јасно става до знаење дека забраната не е опција.
„Не можете да поправите ништо со забрана на криптовалути и немаме намера да го правиме тоа“.
Коментарите на Кавачиоглу доаѓаат на помалку од една недела пред да стапи на сила планираната забрана за користење криптовалути за плаќања. Најавата за забраната, која следеше откако се зголеми употребата на криптовалути меѓу Турците, поради наглиот пад на лирата, предизвика протести на владините политички противници.
Коментарите пристигнаа веднаш по притворот за вработените во две крипто-берзи, кои ги испитува владата.
Без да даде детали за претстојните регулативи, Кавачиоглу посочи дека ќе ја разјасни законската дефиниција за криптовалутите и ќе го регулира начинот на кој институциите треба да ги чуваат, пренесе „Trade Monet“.
Шефот на централната банка рече дека се потребни регулативи за решавање на „алармантната“ количина на средства кои ја напуштаат земјата преку криптовалути, се вели во извештајот.
Веста за неодамнешната забрана за употреба на крипто за плаќање во земјата предизвика пад на цената на биткоинот, делумно поради загриженоста дека другите земји би можеле да го следат примерот на Турција.