Турција нема да го затвори воздушниот простор за Русија

од Nikola Popovski
226 прегледи

Турција нема да го затвори својот воздушен простор за Русија, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу.

„Анкара нема да го затвори воздушниот простор за Русија, бидејќи тоа е важно за Турција и стратешки и хуманитарно“, наведува агенцијата Анадолу цитирајќи ја изјавата на турскиот министер за надворешни работи.

Шефот на турската дипломатија додаде дека Анкара продолжува да контактира и со Русија и со Украина.

Да потсетиме, Русија на 24 февруари започна воена агесија на Украина. Во телевизиско обраќање до јавноста, рускиот претседател Владимир Путин рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“ и дека народните републики во Донбас и се обратиле на Русија со барање за помош.

Според рускиот лидер, целата одговорност за крвопролевањето ќе биде на совеста на владејачкиот режим во Украина. Тој ја повика украинската армија да не ги почитува криминалните наредби на украинските власти, да го остави оружјето и да си оди дома.

Слични содржини